Рецепти
Торта од лимон и боровници
Слатка торта со лимон и сочни боровници со крем од крем сирење за одлично расположение
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Американска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
140 - 250 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Путер(230 Грама за тестото + 115 Грама за филот )
Шеќер(250 Грама)
Кафеав шеќер(100 Грама)
Јајце(4 )
Екстракт од ванила(1 Супена лажица за тестото + 1 Кафена лажица за филот )
Брашно(345 Грама)
Прашок за печиво(1 Супена лажица)
Матеница(240 Милилитри)
Рендана кора од лимон(од 3 лимони )
Свеж сок од лимон(од 3 лимони )
Боровница(258 Грама)
Крем сирење(224 Грама)
Несолен путер(115 Грама)
Шеќер(420 Грама)
Хопла(15-30 Милилитри)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 3 часа
- Загрејте ја рерната на 177 степени. Две тави за печење со иста големина премачкајте ги со путер и поросете ги со брашно.
За тестата:
- Матете го путерот со миксер додека не стане кремаст, околу 1 минута. Додајте го обичниот и кафеавиот шеќер и матете на средна брзина уште 2-3 минути. Додајте ги јајцата и ванилата и матете уште 3 минути.
- Во голем сад стевете го брашното, солта и прашокот за печиво. Полека додавајте ја смесата со брашното во смесата со јајцата. Матете на најслаба брзина околу 5 секунди, а потоа додајте ги матеницата, кората и сокот од лимон. Боровниците поросете ги со 1 супена лажица брашно, а потоа додајте ги во смесата. Исмешајте со лажица.
- Смесата поделета во двете тави и печете околу 21-26 минути. Извадете ги тестата од рерна и оставете целосно да се оладат.
За филот:
- Со миксер матете ги крем сирењето и путерот на средна брзина околу 3 минути. Додајте го шеќерот во прав, хоплата (1 лажица) , екстрактот од ванила и солта. Матете прво на слаба брзина околу 1 минута, а потоа на брзо 3 минути и по желба додајте уште 1 лажица хопла.
- Првото тесто ставете го на подлога за торти и премачајте го со дел од филот. Потоа ставете го второто тесто и целата торта премачкајте ја со филот. Декорирајте со боровници и кора од портокал.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во