Рецепти
Торта од моркови Ана Ристеска

Тортата од моркови никогаш не излегува од мода и со еден залак ќе Ви биде јасно зошто.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Ореви(100 Грама)

Морков(340 Грама)

Брашно(260 Грама)

Сода бикарбона(1 Кафена лажица)

Прашок за печиво(1 1/2 Кафени лажици)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Цимет(1 1/2 Кафени лажици)

Јајце(4 )

Шеќер(300 Грама)

Масло(240 Милилитри)

Екстракт од ванила(3 Кафени лажици)

Путер(57 Грама)

Крем сирење(227 Грама)

Шеќер во прав(230 Грама)

Рендана кора од лимон(1 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 50 минути

  1. Загрејте ја рерната на 180°C.
  2. Во два округли садови за печење ставете хартија за печење и малку масло.
  3. Оревите ставете ги во рерна да се испечат околу 8 минути. Внимавајте да не ви загорат.
  4. Излупете и изрендајте ги морковите на ситно.
  5. Во еден сад, со електричен миксер матете ги јајцата околу 1 минута.
  6. Постепено додавајте го шеќерот и матете уште 3-4 минути.
  7. Додајте го маслото и 2 лажички екстракт од ванила и промешајте.
  8. Потоа додајте го и брашното во кое претходно ги имате додадено циметот, сода бикарбоната, прашокот за печиво и солта и матете додека сите состојки не се соединат убаво.
  9. Додајте ги морковите и оревите и со гумена или дрвена лажица убаво измешајте и соединете ги со смесата.
  10. Смесата поделете ја на половина и сипете ја во садовите за печење. Печете ги тестата околу 25-30 минути.
  11. Од кога ќе завршите со печење, извадете ги тестата и оставете да отстојат 5-10 минути. Потоа извадете ги од садовите и оставете ги целосно да се оладат за да можете да продолжите со филувањето.
  12. ЗА ФИЛОТ: Во сад, со електричен миксер матете ги крем сирењето и путерот (гледајте да биде на собна температура). Постепено додавајте го шеќерот во прав, 1 лажичка екстракт од ванила и кората од лимон. Мешајте додека не добиете убав крем без грутки.
  13. Откога ќе се оладат тестата на чинија за служење ставете едно тесто, па половина од филот кој рамномерно ќе го нанесете, врз него другото тесто и потоа останатиот фил. Распоредете го филот рамномерно и по желба декорирајте со ореви.
Посни колачи со локум
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пита со карамелизирана тиква
Евтин колач со јаболко (посно)
Колач со круши и бадеми
Цимет ѕвездички
Интегрален колач од јаболки
Торта фантазија
Ролат со кокос
Расолница
Куглов со ореви и чоколадо
Чоколадни кроасани
Рум касато
Торта со цели печени јаболки
Посен колач со јаболко и банана
Кокос коцки
Колач со јаболко
Колач со три слоја
Бели колачиња (посно)
Урма торта со ореви
Посен куглов со суво овошје
Таан баклава
Печени пирошки
Колач со јаболки и ореви
Англиска пита со бадеми
Вештерски прсти
Чоколадна парфе торта со ореви

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: