Рецепти
Ужинка од урми Ана Ѓорова

Одличен и безглутенски рецепт за урми со овесни снегулки, кокос и ореви за здрава ужинка. Може да ја чувате во фрижидер неколку дена и да ја подготвите за носење за работа или факултет.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Урми без семки(20 )

Овесни снегулки(1 1/2 Чаша)

Ореви(1/2 Чаша)

Кокос(1/2 Чаша)

Морска сол

Сода бикарбона(1/2 Кафена лажица)

Јајце(1 )

Ленено семе(2 Супени лажици)

Кокосово масло(1/4 Чаша)

Свеж сок од лимон(1 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Загрејте ја рерната на 160 степени.
  2. Во блендер ставете дел од овесните снегулки и сомелете ги за да добиете смеса како брашно.
  3. Потоа во блендерот додајте 5 урми без семки и кокосот. Повторно изблендирајте за да ја соедините смесата.
  4. Додајте ги останатите овесни снегулки, оревите, солта и содата бикарбона во блендерот и повторно изблендирајте. Тргнете настрана околу 1/2 чаша овесни снегулки за на крај.
  5. Во друг помал сад изматете го јајцето со вилушка, додајте ги кокосовото масло и меленото ленено семе. Додајте ги во блендерот со овесот и другите состојки и убаво изблендирајте.
  6. Смесата претурете ја во огноотпорен, четвртаст сад со хартија за печење и убаво израмнете.
  7. Во блендерот ставете 15 урми без семки, лимоновиот сок и пола лажичка морска сол. Убаво изблендирајте неколку минути додека урмите добијат боја како карамела.
  8. Добиената смеса ставете ја во садот за печење одозгора како втор слој. Навлажнете ги рацете за да убаво ја израмните смесата без да се лепи.
  9. Одозгора наросете ги останатите овесни снегулки и печете ја смесата во загреаната рерна околу 18 минути.
  10. Оставете целосно да се олади и потоа исечете коцки. Уште подобро ако ги оладите и оставите во фрижидер, па потоа да ги послужите.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Домашен сендвич сладолед
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Смути од јапонски јаболки и круши
Овесни колачиња
Овесни барови со јаворов сируп
Енергетски залчиња од тиква
Смути со киви и банани
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Чај со јаболко
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Здраво чоколадно лепче
Чоколадни брауни од тиква
Палачинки од сладок компир
Пудинг од брусница и портокал
Печен лосос со лук и магдонос (посно)
Пица од карфиол
Утринска каша од овес и чиа
Брза пита од тиква
Здрав џем од ѓумбир
Смути со калинки

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: