Состојки
Борови ореви (пињоли)
Боровите ореви или пињоли се јадливите семиња на некои видови бор што имаат специфична арома, но и високовредни белковини и микроминерали. Во кулинарството се употребувале многу одамна, а најраспостранети биле во Европа и Азија. Боровите ореви се употребуваат како состојка со месо, риба, зеленчук и се печат во леб. Имаат и свои бенефити: содржат лутеин - антиоксиданс кој е добар за здравјето на очите. Исто така, според некои истражувања, боровиот орев го намалува ризикот за срцеви заболувања. Содржи витамини Е, К, магнезиум и манган.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти