Рецепти
Печени компири со песто сос Ана Ѓорова

Гарнир од крцкави, печени компири со домашен песто сос што им дава одличен шмек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Компир(680 Грама)

Маслиново масло(4-5 Супени лажици)

Сол

Бибер

Свеж босилек(130 Грама)

Лук(2 Чешниња)

Борови ореви (пињоли)(25 Грама)

Свеж сок од лимон(2 Супени лажици)

Рендан пармезан

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Компирите варете ги околу 15-20 минути на умерен оган додека малку омекнат.
  2. Во меѓувреме подгответе го пестото: во блендер ставете го босилекот, лукот, пињолите, лимоновиот сок, 2-3 лажици маслиново масло, сол по вкус и пармезанот и блендирајте додека состојките се соединат. Додајте вода по потреба ако е многу густа смесата. Може да го истолчите лукот и во дрвен сад заедно со босилекот и со останатите состојки.
  3. Загрејте ја рерната на 230°C.
  4. Компирите ставете ги врз плех со хартија за печење, притиснете ги со лажица за да ги згмечите, прелијте ги со маслиново масло, зачинете ги со сол и бибер и печете ги 20-25 минути додека станат крцкави и со златнокафена боја.
  5. Компирите прелијте ги со песто сосот. Гарнирајте ги со сечкан свеж босилек или магдонос и сервирајте ги веднаш како гарнир.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: