Состојки
Босилек
Босилек или босилок (Ocimum basilicum) спаѓа во растенија од семејството на мртви коприви (Lamiaceae). Босилекот е едногодишна ароматична зелена билка која расте 30-40 сантиметри од разгрането стебленце. Листовите се јајцевидни и на крајот зашилени. Малите, бели цветови се наоѓаат на горниот дел на стеблото. Целата билка има прекрасен вкус и арома.
Во кулинарството, босилекот дава вкус на јадењата, го подобрува варењето на тешка храна и штити од крварење. Кулинарите го препорачуваат како додаток на јадења од компири, пченка, карфиол и модар домат. Во медитеранската кујна, босилекот претставува основен дел на сосови и преливи за јадења со тестенини. Сушениот босилек има посилен вкус од свежиот, па треба да се додава на манџи и разни други јадења од зеленчук, како што е грашак и грав, но и во салати и намази.
Меѓутоа, оваа ароматична и вкусна билка има и лековитата природа: се користи против кашлица, болести на бубрезите, главоболка и депресија, кај настинки, воспаление на ушите и ушното тапанче, но и како средство за освежување и закрепнување.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти