Состојки
Буковка (печурка) Буковката е извонредно вкусна печурка која можеме да ја најдеме во природата, но можеме исто така успешно да ја одгледуваме. Во светот буковката е позната по име шумска острига. Содржи есенцијални аминокиселини, витамини Б1, Б2, Б5, Б6, Б7, витамин П и безброј минерали. Протеините од буковката по свој состав се слични на животинскте. Покрај тоа, содржат и голем процент ја јагленохидрати и само околу 4% масти. Исто така, главните носители кај печурките се сложените шеќери- полисахариди. Меѓу нив, најважен е Бета глукан кој токму се наоѓа во буковката. Тој помага во намалувањето на нивото на холестерол и триглицериди. Баш поради овие карактеристики и бенефиции, буковката се смета за драгоцена печурка и се препорачува во секојдневна употреба во многу јадења.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: