Состојки
Грав
Гравот е семе од растението Phaseolus vulgaris од семејството на Бобови. Познати се околу 70 видови грав а се работи за едногодишно растение кое созрева во есен. Гравот претставува универзална намирница во кујните низ целиот свет поради своите нутритивни својства, но и поради неутралниот вкус и достапноста. Имено, неутралниот вкус на гравот му овозможува да се готви со разни зачини и состојки во текот на целата година. Во македонската кујна, гравот е неопходна состојка за подготовка за многу традиционални јадења.
Придобивките од гравот се следните: тој содржи мал процент на масти, доволно растителни влакна и витамини од кои Б комплекс и витамин Ц. Од минералите, гравот е одличен извор на бакар, железо, фосфор, манган и магнезиум исто така и калциум и цинк, поради тоа се смета за неопходна состојка во исхраната на човекот низ текот на целата година.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти