Состојки
Грав во конзерва Гравот е семе од растението Phaseolus vulgaris од семејството на Бобови. Познати се околу 70 видови грав а се работи за едногодишно растение кое созрева во есен. Гравот претставува универзална намирница во кујните низ целиот свет поради своите нутритивни својства, но и поради неутралниот вкус и достапноста. Имено, неутралниот вкус на гравот му овозможува да се готви со разни зачини и состојки во текот на целата година. Во македонската кујна, гравот е неопходна состојка за подготовка за многу традиционални јадења. Придобивките од гравот се следните: тој содржи мал процент на масти, доволно растителни влакна и витамини од кои Б комплекс и витамин Ц. Од минералите, гравот е одличен извор на бакар, железо, фосфор, манган и магнезиум исто така и калциум и цинк, поради тоа се смета за неопходна состојка во исхраната на човекот низ текот на целата година.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: