Состојки
Хељда Хељдата е многу здрава намирница. Една од нејзините најважни карактеристики е што не содржи глутен, па поради тоа е одлична за сите кои имаат нетолерантност кон него. Хељдата е безбедна за луѓе кои страдаат од целијакија, и може да биде добра замена за пченица, овес, `рж и јачмен. Иако не е житарка, во исхраната се користи на сличен начин како и житарките, но со своите нутритивни вредности ги надминува оризот, пченицата, пченката и просото. Таа има повеќе висококвалитетни протеини од сите нив, бидејќи содржи 8 есенцијални аминокиселини, вклучувајќи ги и лизин и аргинин, кои се дефицитарни кај главните житни култури.   Причини зошто е потребно да ја вклучиме хељдата во исхраната:
  • Хељдата е една од најмедоносните билки. Дава 90 килограми мед по хектар. Пчелите често слетуваат на нејзините цветови. Медот од хељда е многу квалитетен и ценет. Каде има мед, таму е и витаминот Д.
  • Ниедна друга житарица не содржи толкави количини на минерали како што содржи хељдата. Таа е вистинска ризница на калиум, фосфор, калциум, магнезиум, натриум, железо, никел, кобалт, јод, бакар.
  • Чајот од хељда помага во регулирањето на крвниот притисок, ги подобрува памтењето и концентрацијата, помага при ревматизам, глауком, дијабет.
  • Семето од хељда може да биде одлична замена за оризот.
  • Од семето на хељдата се прави исклучително хранливо црно брашно, кое може да се користи за правење на леб и други пецива.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: