Состојки
Кајсија
Кајсија (Prunus armeniaca) е најодгледуваниот вид традиционално овошје во нашиве простори. Плодовите се со жолтопортокалова боја, црвеникави на страните што се најмногу изложени на сонце, а површината му е мазна со ситни, кадифени влакненца. Има една затворена семка во тврда лушпа, која може да биде блага или горчлива.
Имено, кајсијата претставува многу вкусно и здраво овошје. Таа е слична на праската. Семките на кајсиите содржат амигдалин (витамин Б17) за кого некои научници сметаат дека има антиканцерогени својства. Кајсијата е добар извор на бета каротин, па помага при инфекциите и кожните проблеми. Кајсиите содржат и големо количество витамин А, кој помага во подобрување на видот исто така се и одличен извор на растителни влакна, кои помагаат за подобро варење на храната.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти