Рецепти
Полнети кајсии со лешник и чоколада Ана Ѓорова

Одличен и креативен десерт за Вашите гости. Кајсии полнети со фил од печени лешници, ликер од портокал и топено чоколадо.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Кајсија(9-12 )

Лешник(60 Грама)

Шеќер(60 Грама)

Белка од јајце(1 )

Ликер од портокал(2 Кафени лажици)

Црно чоколадо(90 Грама)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Извадете им ги семките на кајсиите, во мал сад прелијте ги со врела вода и оставете ги да отстојат 5 минути. Потоа исцедете ги и оставете ги да се сушат на хартија околу 1 час.
  2. Лешниците потпечете ги на фолија во загреана рерна на 180°C, околу 10 минути, сè додека не добијат златнокафена боја. Потоа замотајте ги во салфети и оставете ги да отстојат 5 минути. Тријте ги со салфетката за да им ја отстраните лушпата, а потоа исечкајте ги.
  3. Така подготвените лешници, помешајте ги со шеќерот, ликерот од портокал и белката од јајце.
  4. Од смесата со лешник, обликувајте мали топчиња, наполнете ја секоја кајсија, затворете ја, така што од секоја да се гледа малку фил.
  5. Чоколадото растопете го на пареа, а потоа ставете ги едниот или двата краја на кајсиите во стопеното чоколадо и оставете го на мрсна хартија додека не се згусне. Држете го во ладна и покриена кутија со мрсна хартија меѓу двата слоја.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: