Состојки
Калинка
Калинката е едно од најстарите овошја познати на човекот. За нејзината употреба постојат записи во повеќе култури и религии, во кои калинката била почитувана како симбол на здравјето, плодноста и вечниот живот. Исто така, постојат повеќе студии кои го потврдуваат благотворното дејство на калинката врз кардиоваскуларниот и нервниот систем, како и врз коските. Тоа произлегува оттаму што калинката е богат извор на витамин Б5, калиум, алагитанин и флавоноиди. Исто така, 100 грама калинка содржат 16% од препорачаната дневна доза на витаминот Ц.
Калинката содржи фитохемикалии кои го поттикнуваат создавањето серотонин и естроген во организмот. Според клиничките испитувања, материите што ги содржи само калинката - пуницалагините - влијаат поволно врз срцето и крвните садови. Маслото од калинка има естрогенски, антивоспалителни и антимикробни својства бидејќи содржи пуницинична и елагична киселина.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти