Рецепти
Пире од тиква со куркума Ана Ѓорова

Мека и кремаста смеса од варен компир и тиква со арома на куркума. Благиот вкус на тиквата е помешан и со киселкастиот вкус на зрна од калинки.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Тиква(1 Килограм)

Компир(400 Грама)

Кромид(1/2 Главица)

Бистра зеленчукова супа(по потреба )

Куркума(1-2 Супени лажици)

Путер(20 Грама)

Масло

Сол

Калинка(неколку зрна )

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Тиквата исчистете ја и излупете ја, а компирите излупете ги. Исечете ги тиквата и компирите на коцки.
  2. Во тенџере ставете малку масло и пропржете го исечканиот кромид, а откако малку ќе омекне додајте ги тиквата и компирите.
  3. Пропржете ги 2-3 минути, па додајте сол и вода или зеленчукова супа по желба. Зачинете со куркума.
  4. Покријте го тенџерето со капак и гответе 40 минути додека тиквата и компирите омекнат. Додавајте по потреба вода.
  5. На крај од готвењето додајте го путерот, промешајте и гответе додека се растопи путерот, а потоа тргнете од оган и оставете настрана да се олади.
  6. Смесата испасирајте ја или изблендирајте ја додека сè убаво се соедини и се добие кремасто пире.
  7. Послужете го пирето во соодветен сад и декорирајте со зрна калинка.
Јафа бомбици
Банана лепче
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Пилешки дроб и срца
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Вкусна димена салама
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: