Рецепти
Овесна каша со круши и калинки Ана Ѓорова

Богата и здрава чинија со печени круши, овесна каша, калинки и семки од тиква. Идеален есенски појадок!

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Овесни снегулки(1/2 Чаша)

Вода(1 Чаша)

Бадемово млеко(1/2 Чаша)

Морска сол(1 Прстофат)

Чиа семе(1 Супена лажица)

Ленено семе(1 Супена лажица)

Калинка(1/2 Чаша)

Семки од тиква(1/4 Чаша)

Круша(3 )

Кокосово масло(1 Кафена лажица)

Јаворов сируп(3-4 Супени лажици)

Екстракт од ванила(0.5 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Во средно тенџере зовријте ја водата и млекото. Откако ќе зовријат намалете ја температурата и додајте ги овесните снегулки.
  2. Гответе ги 15 минути, па додајте ги чиа семките и лененото семе, малку морска сол и гответе уште 5 минути додека добиете кремаста смеса.
  3. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 200°C и плех обложете го со хартија за печење.
  4. Измешајте ги во сад маслото од кокос, јаворовиот сируп и ванила екстрактот. Додајте ги преполовните и исчистени круши.
  5. Крушите ставете ги врз хартијата за печење и прелијте ги со сирупот, а потоа печете ги 5 минути од едната страна, извадете ги од рерна и превртете ги, па печете ги уште 10-15 минути додека омекнат и добијат убава боја.
  6. Смесата со овесните снегулки поделете ја во 3 чинии, додајте ги печените круши, внимателно измешајте, а потоа додајте ги калинките, семките од тиква, малку кокосово млеко и јаворов сируп.

 

Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Туна ќофтиња
Пилешко во павлака
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Салата со праз и сирење
Резанки од палачинки
Ќофтиња од карфиол
Пилешко рижото со грашок
Салата од брокула со прелив од јогурт
Мафини со јајца и зеленчук
Меки чоколадни бомбици
Сикма
Полнети печурки со лук и магдонос
Крап на кромид (посно)
Палачинки со спанаќ и кашкавал
Птичјо гнездо
Пикантни шпагети со модар патлиџан
Похувани пиперки со туна и ориз
Школки во путер
Овошна салата со мед и ореви
Пржен пинџур
Макарони салата со туна и ленено семе
Колачи со банана и ленено семе
Ќофте од спанаќ
Ориз со ананас
Ледени банани
Снежни конуси од лимон
Здрава каша
Доматна чорба со црвена леќа

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: