Рецепти
Ќофтиња од карфиол Ана Ѓорова

Печени ќофтиња со карфиол и кашкавал за вкусно предјадење

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Исчистете го карфиолот од дршките со листови и варете го во зовриена солена вода околу 15 минути или додека убаво омекне.
  2. Поделете го на цветови и додајте 1 јајце, сол, бибер, ренданиот кашкавал и ситно сечканиот магдонос.
  3. Потоа со виљушка испасирајте го карфиолот и измешајте го со состојките додека добиете хомогена смеса.
  4. Ако смесата е премногу кремаста, додајте 1-2 лажици лебни трошки и измешајте.
  5. Со влажни дланки земајте од смесата и формирајте топчиња кои ќе ги редите во чинија.
  6. Во друга чинија изматете го останатото јајце, па топчињата валкајте ги во јајцето, па во лебни трошки.
  7. Така подготвените ќофтиња редете ги во плех врз хартија за печење.
  8. Одозгора попрскајте ги со маслиново масло и печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути или додека убаво заруменат.
Пита со блитва и со коприва
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Посни крокети со спанаќ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лут зелник
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Пача
Пинџур со суви везени пиперки
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Топчиња од зеленчук
Ролнички со соја, праз и печурки
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Солен куглов со шунка
Пита масленица
Куглов погача со сирење
Топчиња со блитва
Солени бомбици од сирење
Бабини кифлички

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: