Рецепти
Крап на кромид (посно) Ана Ѓорова

Печен и зачинет крап во рерна за вкусен ручек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Крап(1 исчистен од 1 кг и пол )

Кромид(3 Главици)

Вода(200 Милилитри)

Ориз(100 Грама)

Вегета(1 и пол лажица )

Копар(4 Гранчиња)

Црвен пипер(1 Супена лажица)

Брашно(1 Супена лажица)

Масло

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Крапот исечете го на 6 парчиња и посолете ги од двете страни.
  2. Главиците кромид исечкајте ги на тенки резанки и пржете ги на загреано масло во тенџере на оган.
  3. Откако кромидот ќе омекне, додајте 1/2 лажица црвен пипер и лажица вегета. Додајте и сол и бибер по вкус и промешајте.
  4. Пржениот кромид ставете го во правоаголна тава за печење, намастена со масло, и додајте го оризот.
  5. Измешајте со лажица и со кромидот и оризот прекријте го дното на тавата.
  6. Копарот ситно исечкајте го и наросете го во тавата.
  7. Потоа врз кромидот ставете ги парчињата крап.
  8. На загреано масло во друго тенџере на оган пржете го брашното со лажица масло и мешајте со жица.
  9. Додајте го преостанатиот црвен пипер и мешајте. Налејте 200 мл вода, додајте 1/2 лажица вегета, сол и бибер и мешајте со жицата.
  10. Откако запршката ќе зоврие, прелијте го крапот во тавата, попрскајте со масло и печете го во претходно загреана рерна на 200 степени околу 45 минути.
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Туна ќофтиња
Пилешко во павлака
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Салата со праз и сирење
Резанки од палачинки
Ќофтиња од карфиол
Пилешко рижото со грашок
Салата од брокула со прелив од јогурт
Мафини со јајца и зеленчук
Меки чоколадни бомбици
Сикма
Полнети печурки со лук и магдонос
Крап на кромид (посно)
Палачинки со спанаќ и кашкавал
Птичјо гнездо
Пикантни шпагети со модар патлиџан
Похувани пиперки со туна и ориз
Школки во путер
Овошна салата со мед и ореви
Пржен пинџур
Макарони салата со туна и ленено семе
Колачи со банана и ленено семе
Ќофте од спанаќ
Ориз со ананас
Ледени банани
Снежни конуси од лимон
Здрава каша
Доматна чорба со црвена леќа

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: