Состојки
Кикирики Кикирики е мешункаст плод што спаѓа во семејството на мешунки и има потекло од Јужна и Средна Америка и Мексико. Стеблото на кикириката расте околу 30 до 50 сантиментри и се карактеризира со жолти цветови како и плодови што растат под земја. Лушпата е рапава и во неа има семе од кикирики, прекриено со тенка кожичка. За кулинарски потреби се употребува семето од кикирики, а можат да се јадат пржени, печени, солени или несолени. Од нив се произведува добро познатиот путер од кикирики, се произведува и масло од кикирики а исто така тие се дел од многу десерти и солени јадења. Имено, кикириките се богата намирница што изобилува со белковини, минерали, витамини Е и К и исто така, многу важно е што не содржат холестерол. Претставува една од ретките мешунки кои се богати со витамин Д. Се препорачува кикириките да се купуваат со лушпа, бидејќи така ги содржат сите овие витамини и минерали.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: