Рецепти
Непечен колач од чоколадо и кикирики Ана Ѓорова

Здрава алтернатива за чоколаден десерт со какао, фил од кикирики и чоколадна глазура

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Кикирики(55 Грама)

Какао(80 Грама)

Овесни снегулки(140 Грама)

Суво грозје(160 Грама)

Кокосово масло(145 грама + 2 лажици )

Јаворов сируп(80 милилитри + 2 лажици )

Зрела банана(2 )

Путер од кикирики-органски(130 Грама)

Кокосово брашно(1 Супена лажица)

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Во блендер изблендирајте ги кикириките, 30 г какао, прстофат сол и 1 чаша овесни снегулки, блендирајте додека добиете изедначена смеса.
  2. Додајте 95 г суво грозје, 2 лажици кокосово масло, 1 лажица јаворов сируп (или мед) и останатите овесни снегулки и повторно изблендирајте.
  3. Добиената смеса убаво натапкајте ја врз плех со намастена хартија (18 см) и ставете 1 час во фрижидер да се стврдне.
  4. За филот: изблендирајте ги бананите, путерот од кикирики, 65 г суво грозје, 60 мл топено кокосово масло, 1 лажица јаворов сируп (или мед), 1/4 лажичка сол и 1 лажица кокосово брашно.
  5. Добиената хомогена смеса убаво распоредете ја над првата смеса во плехот и ставете во фрижидер уште 2 часа да се затегне.
  6. За чоколадната глазура: истопете 85 г кокосово масло, 50 г какао и 80 мл јаворов сируп (или мед) во тенџере на пареа со постојано мешање додека смесата се соедини и се згусне.
  7. Премачкајте трет слој чоколадна глазура врз колачот, убаво израмнете ја површината и оставете да отстои 6 часа во фрижидер или најдобро преку ноќ.
  8. Утредента колачот исечете го на коцки, украсете со кикирики и послужете.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: