Состојки
Ким
Ким е див вид растение со потекло од Медитеранот што спаѓа во семејството на ароматични растенија Apiaceae. Во кулинарството всушност, се употребува семето како зачин. Се користи во сурова форма или во прав за зачинување на многу јадења. Благодарение на високиот степен на есенцијални масла што се наоѓаат во семето, кимот има горчлив вкус и силен мирис. Кимот како зачин се користи најчесто во индиската кујна, претставува состојка на кари, а е карактеристичен и во мексиканската кујна.
Семките на кимот имаат долга историја на употреба во кујната и како природен лек најмногу кај пореметувањето при варењето на храната, делува смирувачки на дигестивниот тракт, подобрува апетит и има лаксативно делување. Некогаш се користел како би се подобрила лакцатијата кај доилките, им се препорачувало да џвакаат семе на ким или да пијат чај од ова ароматична семка. Се користи и за лекување на бронхитисот и честа е состојка на шурупите против кашлица.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти