Состојки
Кисели краставички
Кисела краставичка или корнишон е често употребувана намирница во македонската кујна и служи како состојка во многу вкусни солени јадења, салати и слично.
Според своите нутритивни вредности, киселите краставички содржат голема количина на вода, протеини, влакна и многу малку масти. Содржат витамин C, B6, B12, рибофлавини, ниацин и тиамин. Тие се добар пробиотик и антиоксиданс: jа балансираат цревната микрофлора и ја подобруваат работата на цревата. Токму поради своите нутритивни вредности краставичките се одлична намирница за одржување на здравјето.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти