Состојки
Костен Костен (Castanea) припаѓа во семејството на листопадни дрва, а во нашите предели се среќава најчесто во шарпланинските предели. Свежиот костен е најзастапен во текот на есента и зимата, а преработен е достапен во текот на целата година. Костените се познати по слаткиот вкус и благата текстура. Костените можат да се јадат печени, варени или сомелени во брашно и во разни јадења и чорби. Тие се идеална намирница со малку масти, многу растителни влакна и без глутен. Содржината на јаглени хидрати кај костените е слична кај онаа на житариците, а има двапати поголема содржина на скроб од компирот. Затоа се смета за здрава состојка во исхраната на човекот и се препорачува нејзина консумација.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: