Состојки
Леблебија Леблебија (Cicer arietinum) или наут е мешункасто растение кое се користи во исхрана на луѓето. Семето на леблебијата е слично на семето на сојата или на сушеното зрно од грашок, се користи како вариво или као додаток на друг зеленчук при приготвување на храна. Недозреаното семе се подготвува како зелен грав или грашок. Во источните земји леблебијата ја мелат во брашно од кои печат извонредни печива, или во одреден размер (10-20 отсто) го мешаат со пченичното брашно и од оваа смеса печат специјален леб. Најпопуларен ориентален специјалитет од наут се пропржените или потпечени зрна од наут, кои се грицкаат као семки од тиква и сончоглед и на овие простори се нарекуваат лебелебија. Исто така, препечените зрна од наут се користат како додаток во кафе. Биохемискиот состав на леблебијата е сличен со останатите мешункасти растенија. Исушено зрно содржи од 17,4 до 23,3 % белковини, 53,5 - 63,6% јаглени хидрати, 4,1 - 5,5 % растително масло 3,3 - 5,5 % целулоза и 3,2 - 3,4 % минерални материи. Леблебијата е и одличен извор на железо и калциум, дури и варената леблебија содржи двапати повеќе железо од иста количина на месо.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: