Состојки
Леќа Леќа е едногодишно грмушесто растение од семејството на бобови (Fabaceae) кое нашироко се одгледува како зрнеста култура. По боја леќата може да биде жолта, портокалово-црвена, зелена, кафеава или црна. Сортите се разликуваат и по големина и се продаваат со или без лупка, располовени или цели. Имено, леќата содржи растителни влакна, фолна киселина, аминокиселини, витамин Б1 и минерали, а има голема улога како важен извор на белковини. Црвената (или розова) леќа има пониска концентрација на влакна од зелената (11% наспроти 31%). Важи за мошне добар извор на железо. Всушност, една шолја сварена леќа задоволува преку половина од дневната потреба од железо кај човекот.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: