Состојки
Ловоров лист Ловоров лист спаѓа во семејството Lauraceae од ароматичното зимзелено дрво Ловор. Ловорот е зимзелена, мирисна, типично медитеранска билка, која потекнува од Мала Азија. Може да ја достигне висината од 8 метри, цвета во текот на март и април, листот може да се бере преку цела година но најдобар период за берба е кон крајот на зимата. Најмногу се користи како зачинска билка во кујната и може да се корист и свеж и сув. Во нашата традиционална кујна просто е незамисливо да се подготви сарма, зелка или манџа, а да не се додаде ловоров лист како зачин, а многу домаќинки го додаваат и во супите. Ловорот го стимулира варењето, го подобрава апетитот, добар е за искашлување и има антиреуматско и антисептично делување. Свежо собраните ловорови листови се многу моќни и силни антиоксиданси кои го подобруваат имунитетот, ги чуваат очите и кожата благодарение на големиот процент на витамините Ц и А. Покрај витамини овој зачин е богат и со минерали како бакар, калиум, калциум, манган, железо, селен, цинк и магнезиум.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: