Состојки
Магдонос Магдоносот (науч. Petroselinum crispum) е светлозелено, двегодишно растение кое се користи како зачин. Потекнува од Иран. Тој е многу чест во блискоисточната, европската и американската кујна. Магдоносот се користи поради неговите листови, слично како и коријандерот (познат како кинески магдонос или цилантро), иако има поблаг вкус. Две форми на магдонос се користат во исхраната: оној со извиткани листови и италијанскиот (или рамнолисен магдонос P. Neapolitanum). Магдоносот со извиткани листови често се користи како гарнир. Рамнолисниот магдонос има појак вкус што доаѓа од повисоката количина на етерични масла. Една состојка на етеричното масло е апиолот. Друг тип на магдонос произведува многу подебели корења отколку видовите кои се одгледуваат поради нивните листови. Овој тип е чест во Средна и Источна Европа.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: