Состојки
Мајчина душичка
Мајчината душичка е преполна со хранливи фито-материи кои го подобруваат здравјето, витамини и минерали, кои се есенцијални за општата благосостојба. Билката која е исклучително популарна во кулинарството потекнува од Јужна Европа и медитеранските региони.
Листовите од мајчина душичка имаат исклучителен профил на хранливи фито-материи. Во само 100 грама листови се содржани: 38% растителни влакна, 27% витамин Б6 (пиридоксин), 266% витамин Ц, 158% витамин А, 218% железо, 40% калциум, 40% магнезиум и 75% манган, а не содржи холестерол.
- Мајчината душичка содржи голем број важни есенцијални масла, за кои е потврдено дека имаат антисептичко и антигабично дејство.
- Правењето гаргара со млака вода со мајчина душичка или пиењето неколку голтки чај од мајчина душичка може да ги олесни симптомите на кашлица, болно грло или бронхитис.
- Формулите на база на мајчина душичка се користат антисептична течност за испирање, во третманот на кариес и гингивитис.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти