Состојки
Морско оревче Морско оревче (Myristica fragrans) е плод на тропско дрво со потекло од Индонезија, а во кулинарството најчесто се користи изрендано и се додава на слатки, но исто така и во супи, чорби, компири, месо и слично. Како зачин совршено се согласува со црн пипер, кромид и ловоров лист. Има лековито дејство, го олеснува варењето, го зајакнува желудникот делува против дијареа и мачнини, а има и благо, смирувачко дејство. Ги олеснува мускулите грчеви и болките во зглобовите, го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол, ја подобрува концентрацијата и циркулацијата и помага кај забоболка. Морското оревче е исто така и познат афродизијак.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: