Состојки
Просо
Просото е една од најстарите, но и најздравите житарки. Освен што нема глутен, просото е и алкална (базна) житарица поради што организмот може лесно да ја свари, а според некои научници, просото е и антиканцерогено бидејќи алкалната храна не предизвикува киселост во организмот, што е средина во која се развиваат клетките на карциномите. Поради ова, се препорачува на лицата кои имаат проблеми со цревата бидејќи помага во регенерација на цревната флора, добро е за проблеми со слезината, анемија, артритис и при проблеми со нервниот систем. Се јаде без лушпата, бидејќи таа тешко се вари.
Просото е богато со магнезиум и железо, претставува одличен извор на протеини, содржи калциум, фосфор, цинк, никел, витамин Е и витамини од групата Б.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти