Состојки
Рибизли Рибизла (Ribes) спаѓа во фамилијата на огрозди и е со потекло од умерените краишта на северната полутопка. Во оваа фамилија спаѓаат јадливите рибизли (црна рибизла, црвена рибизла и бела рибизла), како и многу други украсни растенија. Рибизлата претставува моќна, мултивитаминска „капсула“. Содржи голема количина на нијацин кој е од големо значење за нервите, пантотенска киселина значајна за кожата и косата, како и големо количество на витамин Ц.
 Од рибизлите се прави мармалад, џем, желе, сируп или многу барани овошни сокови, и тоа од црната и црвената рибизла. Рибизлата се користи во слаткарството и во кулинарството како додаток во овошните салати. Познато е и виното од рибизла.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: