Состојки
Ротквица
Ротквицата е идеален плод за нискокалорични салати. Енергетската вредност на ротквицата е мала, содржи малку калории, а богата е со витамини (посебно со витамин Ц) и минерали (калиум), растителни влакна и фолати. Ротквицата е погодна како „аператив“, затоа што го подобрува лачењето на желудечните сокови и ја подобрува работата на цревата, а со самото тоа го подобрува и варењето на храната. Затоа, ротквицата се препорачува во исхраната кај лица со отежнато варење, помага при опстипација. Поради големата содржина на калиум, ротквицата е добар природен диуретик, односно го зголемува исфрлањето на течностите од организмот. Одност на калиумот и фосфорот во ротквицата е таков што овозможува добро искористување на калциумот.Витаминот Ц од ротквицата помага во стварањето на колагенот, ја зголемува апсорпцијата на железото од цревата, го јакне природниот одбрамбен механизам на телото, го забрзува заздравувањето на раните, учествува во синтезата на невротрансмитерите во мозокот.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти