Рецепти
Солена сендвич-торта Ана Ѓорова

Оваа „торта“ е одлична и креативна идеја како предјадење за разни прослави, родендени и слични настани

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Леб(1 во кружна форма со средна големина )

Авокадо(1 средно )

Мајонез(100-150 Грама)

Сол

Бибер

Лук во прав

Шунка(200-300 Грама)

Кисели краставички(10 )

Путер(3 Супени лажици)

Сланина(6 Парчиња)

Печено мисиркино месо(8-12 Парчиња)

Црвен кромид(1/2 Главица)

Крем сирење(225 Грама)

Павлака(120 Грама)

Црвена пиперка(1 )

Ротквица(6 )

Марула(1 Шака)

Листови магдонос

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 20 минути

  1. Кружното лепче исечете го на тенки парчиња и исечете ја кората со нож.
  2. Во сад измешајте ги сечканото авокадо и мајонезот. Зачинете со сол, бибер и лук во прав по вкус.
  3. Во друг сад измешајте ја шунката исечкана на коцки, сечканите кисели краставички, уште малку од мајонезот и зачинете повторно по вкус. Измешајте ги и добро соединете ги состојките.
  4. Парчињата леб намачкајте ги со омекнатиот путер, додајте од мешавината со авокадо, па половина од сланината и од мисиркиното месо. Потоа додајте уште 1/4 од мешавината со авокадо и поклопете со парче леб притискајќи.
  5. Потоа врз второто лепче додајте ја мешавината со кисели краставици и шунка, додајте кромид и поклопете со друго парче леб.
  6. Крем сирењето и павлаката измешајте ги и зачинете ги по вкус и филувајте ја „тортата“ и по желба декорирајте со сечкана ротквица, марула и пиперка.

 

Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: