Состојки
Семки од тиква Семки од тиква во медицината се користеле повеќе од илјадници години. Одличен избор се за грицкање затоа што се богат извор на омега 3 масни киселини кои на телото им се неопходни за одржување на здравјето на срцето и регулирањето на крвниот притисок. Семките од тивка се добар извор на протеини, триптофан, магнезиум, калциум, калиум,  железо, цинк и витамин К. Ефикасни се во војната против различните видови на рак и имаат антивоспалително делување. Доколку барате природен начин да го подобрите расположението или да ги намалите симптомите на менопауза, семките од тиква се одличен избор: ги регулираат нападите на жештина, главоболка и ја намалуваат зачестеноста на моменталните промени на расположението. Семките од тиква се погодна намирница и за луѓето кои во телото имаат недостиг на цинк - тие се одличен извор на цинк, минералот кој е потребан за изградба на коските. Само ¼ шолја семки од тиква содржат дури 17% препорачани дневни дози на цинк.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: