Состојки
Тиква
Меѓу зеленчукот, тиквата е шампион по содржина на железо, бакар, и флуор, содржи калиум, калциум, манган, цинк кобалт, силициум. Богата е со пектини, шеќери, витамините С, Е, витамини од групата В, каротин. По содржината на каротин побогата е тиквата дури и од морковот. Освен тоа, тиквата е богата со прехранбените влакна кои лесно се усвојуваат од страна на организмот. И за крај, тиквата е мало калорична. Тиквата го содржи малку познатиот и малку изучуван, витамин Т кој всушност и не е вистински витамин туку преставува смеса од фолна киселина, витамин В12 и ДНА. Она што е карактеристично за овој витамин тоа е дека ретко се среќава во продуктите, но затоа пак го има во тиквата, а тоа не е мала работа. Овој витамин е важен затоа што тој зема активно учество при формирање на тромбоцитите и помага при згрудување на крвта, го забрзува процесот на размена на храната во организмот и учествува во процесот на создавање на протеини. Тиквата е многу корисна за лицата кои патат од анемија, едноставно затоа што тиквата ги содржи сите минерали кои учествуваат при создавање на крвта, а тоа се железото, кобалтот бакарот и цинкот. Тиквата има примена и во козметиката како одлична маска за лице.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти