Состојки
Цреши Цреша (Prunus avium) претставува листопадно дрвенесто растение од родот на сливите (Prunus), чии истоимени плодови се користат во исхраната на човекот како овошје. Овие мали, црвени плодови се преполни со хранливи материи кои се корисни за здравјето на човекот и носат многубројни придобивки. Имено, поради големата количина на растителни влакна, црешите го подобруваат варењето и го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Со консумирањето на цреши на природен начин ја враќате енергијата во телото. Природните шеќери во нив го подобруваат расположението, па затоа доволни се само 10-тина цреши за да се чувствувате посреќно. Плодовите од цреша се богати со витамин А кој го подобрува видот, а ретинолот кој е составен дел од овој витамин и помага на кожата да изгледа здраво и свежо. Претставуваат одличен извор на антоцианин кој ги намалува болките и отоците, а покрај тоа и ги ублажува симптомите на артритисот. Иако бананите имаат многу повеќе калиум од црешите, оние кои не го сакаат ова јужно овошје, лесно можат да го заменат со чинија полна цреши. Тие делуваат благотворно на грчевите во мускулите, но и ја намалуваат болката при менструалниот циклус.  
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: