Состојки
Замрзнати вишни Вишната спаѓа меѓу најстарите овошни видови кои човекот одамна ги користи, а како најголем производител на вишна се смета европскиот континент. Во кулинарството, вишните се употребуваат како состојки за повеќе јадења, десерти, компоти или пијалаци. Освен убавиот вкус, вишната претставува благотворно овошје. Имено, вишната содржи кумарин кој помага да се намали склоноста на крвта кон згрутчување и со тоа се намалува ризикот од тромбоза. Исто така, содржи голем процент на калиум, кој поттикнува исфрлање на течности, влијае на намалување на крвниот притисок и ги зајакнува крвните садови. Вишната се препорачува и за слабокрвност поради високиот процент на железо кој го содржи.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: