Рецепти
Американска пита со цреши Ана Ѓорова

Традиционален американски рецепт за сочна овошна пита за појадок

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шеќер(1 1/4 Чаши)

Нишесте (пченкарен скроб)(1/3 Чаша)

Цреши(800 Грама)

Цимет(1/2 Кафена лажица)

Морско оревче(1/4 Кафена лажица)

Екстракт од ванила(1/4 Кафена лажица)

Брашно(2 Чаши)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Маргарин(400 Грама)

Вода(5-7 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Црешите измијте ги и исчистете им ги семките. 1-2 шаки од исчистените цреши изблендирајте ги убаво со малку вода.
  2. Во тенџере измешајте ги шеќерот и пченкарниот скроб и постепено додавајте 1 чаша од сокот од цреши додека смесата не се соедини.
  3. Ставете го тенџерето на оган да зоврие, а потоа варете дополнителни 2-3 минути додека не згусне.
  4. Тргнете од оган и додајте ги останатите цреши, цимет, морско оревче и екстракт од ванила (или од бадем). Убаво промешајте и тргнете настрана.
  5. Во поголем длабок сад измешајте брашно, маргарин и сол, додавајте постепено 5-7 лажици вода и убаво мешајте со рака, па замесете тесто. Поделете го тестото на две топки од кои едниот дел е многу поголем од другиот.
  6. Поголемиот дел од тестото расукајте го на набрашнета работна површина во форма на круг, префрлете го во округла тава и убаво распоредете по краевите.
  7. Убаво распоредете го направениот фил од цреши врз тестото.
  8. Потоа, останатиот дел од тестото расукајте го и со нож формирајте ленти од тесто кои ќе ги ставите врз филот на питата со растојание едно од друго од двете страни.
  9. Печете 10-тина минути во загреана рерна на максимум, а потоа намалете ја температурата и печете ја питата дополнителни 40-50 минути додека површината не стане златнокафена.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: