Рецепти
Колач со јапонски јаболки Ана Ѓорова

Доколку на располагање немате свежи јапонски јаболки, може да употребите мармалад од јапонски јаболки со тоа што ќе ја намалите дозата на шеќерот (од 120 грама на 60 грама)

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Оризово брашно(150 Грама)

Брашно од елда(90 Грама)

Брашно(60 Грама)

Сечкани ореви(40 Грама)

Јајце(2 )

Масло(80 Милилитри)

Кафеав шеќер(120 Грама)

Цимет(1 Кафена лажица)

Јапонско јаболко(2 зрели )

Прашок за печиво(1 Пакување)

Сол(1 Прстофат)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Загрејте ја рерната на 170 степени.
  2. Зрелите јапонски јаболки издлабете ги и направете пире од внатрешноста.
  3. Јајцата изматете ги со шеќерот и со циметот околу 5 минути со миксер додека добиете убава пенаста смеса. Потоа додајте го и маслото и пирето од јапонски јаболки и мешајте со лажица.
  4. Просејте го брашното и измешајте го со печивото и со солта. Потоа додајте ги во смесата со јаболките. Додајте ги и сечканите ореви и добро промешајте.
  5. Смесата претурете ја во правоаголен калап за печење, а претходно врз него ставете хартија за печење премачкана со масло и наросена со брашно од ориз.
  6. Печете го колачот во загреаната рерна 45-50 минути. Проверете со чепкалка дали е готово – ако боцнете и ако нема останато од смесата на чепкалката, тогаш е готово.
  7. Готовиот колач оставете го да се подолади и послужете го со шолја топло кафе.

 

Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Домашен сендвич сладолед
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Смути од јапонски јаболки и круши
Овесни колачиња
Овесни барови со јаворов сируп
Енергетски залчиња од тиква
Смути со киви и банани
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Чај со јаболко
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Здраво чоколадно лепче
Чоколадни брауни од тиква
Палачинки од сладок компир
Пудинг од брусница и портокал
Печен лосос со лук и магдонос (посно)
Пица од карфиол
Утринска каша од овес и чиа
Брза пита од тиква
Здрав џем од ѓумбир
Смути со калинки

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: