Рецепти
Супа од аспарагус и лук
Вкусна, кремаста и здрава супа од лук и аспарагус која се подготвува едноставно
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
Американска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Аспарагус(900 Грама)
Бел лук, излупен и згмечен(10 Чешниња)
Маслиново масло(2 Супени лажици)
Бистра зеленчукова супа(3 Чаши)
Млеко(1 Чаша)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 25 минути
- Загрејте ја рерната на 230°C.
- Плех обложете го со намастена хартија за печење и тргнете го настрана.
- Лукот излупете го и истолчете го, а аспарагусот измијте го и исечкајте го. Измешајте ги убаво, додајте го маслото и зачинете со сол и бибер.
- Смесата од аспарагус додајте ја врз хартијата за печење и печете 12 минути во загреаната рерна додека омекне.
- Извадете ги состојките од рерна и изблендирајте ги.
- Откако убаво ќе соединете, додајте го млекото и налијте од оладената зеленчукова супа. Блендирајте повторно, ако не ја собира целата смеса, одете дел по дел.
- Потоа изблендираната смеса ставете ја во тенџере на умерен оган и додавајте уште од зеленчуковата супа ако е потребно. Посолете и додајте бибер по вкус игответе додека супата зоврие и потоа тргнете од оган.
- Послужете ја супата со свеж исечкан магдонос и уживајте.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во