Рецепти
Свинско филе во сос од кромид Ана Ѓорова

Вкусно и сочно полнето свинско филе со пршута, печурки, маслинки и пиперка во ароматичен сос од пржен кромид и ким

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свинско филе(250 Грама)

Кромид(1 Главица)

Пршута(неколку парчиња )

Црвена пиперка(1 )

Јајце(1 )

Свежи шампињони(100 Грама)

Путер(20 Грама)

Хопла(100 Грама)

Зелени маслинки(50 Грама)

Лебни трошки(по потреба )

Брашно(по потреба )

Ким(5 Грама)

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. На свинското филе му ги отсекуваме краевите, а потоа го засекуваме по должина. Со дрвен чук добро го толчиме за да добиеме мазна површина за посолување.
  2. Врз месото ги редиме парчињата пршута, тенко исечените парчиња печурки, сечкани зелени маслинки, пиперка на тенки и долги парчиња и со дланките цврсто виткаме ролат.
  3. Ролатот го валкаме во брашно, го премачкуваме со дланките во изматеното јајца, па го валкаме во лебните трошки и го пржиме во загреани путер и масло.
  4. Пржиме 15-тина минути на тивок оган и го превртуваме ролатот додека се пржи, а потоа го ставаме врз салфетка да се исцеди од маснотиите.
  5. Во друга тава ставаме путер и масло да се загреат, па го потпржуваме исечканиот кромид и зачинуваме со ким. Потоа ја додаваме хоплата и убаво промешуваме, па го додаваме разреденото нишесте за да се згусне сосот. Оставете го 15-тина минути да се олади.
  6. Готовиот ролат го сечеме на парчиња и го преливаме со изладениот сос од кромид.
Овошен киноа појадок
Смути од јапонски јаболки и круши
Смути со киви и банани
Лате со јаболко и цимет
Утринска каша од овес и чиа
Смути од круши и ванила
Растурен омлет со печурки и со гауда
Сок од моркови и ѓумбир
Салата со спанаќ, туна и јајца
Омлет со пршут и фета
Смути од тиква
Смути со смокви
Домашен пудинг од вишни и капини
Омлет со спанаќ и шунка
Тост со јајца и песто сос
Смути со авокадо и малини
Смути со кафе и овошје
Овесно смути со праски
Сендвичи со туна и сос од маслинки
Овошно фрапе
Чиа пудинг со праски
Коктел виски соур
Оризова каша
Пица сендвич со авокадо
Смути од јаболко и овес
Каипироска коктел со јагоди
Летен овошен коктел
Летно смути
Мохито
Шпагети во сос од туна

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: