Состојки
Блитва Блитвата (Beta vulgaris) е билка која спаѓа во семејството Лободи (Amaranthaceae) која се користи како зеленчук. Всушност, таа претставува зелест зеленчук и е многу слична со спанаќот, а спаѓа во групата на ниско-калорични намирници. Во блитвата има 2,31 % сува материја, од што 4,83 % јагленохидрати, 2,0 % протеини, 3,44 % целулоза, 0,42 % растителни масла и 1,62 % минерални состојки. Имено, во исхраната на луѓето се користат листовите од блитва, како богат извор и на калиум, железо, магнезиум и витамин Ц, а при тоа ја прават блитвата особено вредна намирница во секојдневната исхрана. Исто така, богата е со сложени јаглехидрати, така што претставува добар извор на гликоза која е неопходна за работата на мозокот. Покрај тоа, блитвата содржи материи кои се од особено значење за црвената флора. Целулозните влакна за себе ја врзуваат водата (а со тоа и мастите и отровните материи), го забрзуваат движењето на храната низ цревата и на тој начин се отстрануваат проблемите со варењето. Затоа, блитвата претставува неопходна состојка во многу рецепти за секојдневната исхрана на човекот.  
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: