Рецепти
Ролат од блитва Ана Ѓорова

Вкусно предјадење што одлично оди со чаша бело вино

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(8 Супени лажици)

Јајце(8 )

Грашок(100 Грама)

Блитва(300 Грама)

Шунка(100 Грама)

Мајонез(3 Супени лажици)

Кисели краставички(7 )

Кисела павлака(400 Грама)

Сирење(100 Грама)

Јогурт(200 Милилитри)

Прашок за печиво(2 Пакувања)

Црвена пиперка(3 или 3 лажици ајвар )

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

  1. Блитвата добро измијте ја, исечете ги рачките и обарете ја во солена вода. Исцедете ги обарените листови блитва и исечкајте ги многу ситно.
  2. Во длабок сад со миксер изматете ги јајцата, па додајте го брашното измешано со печивото и измешајте да се соедини смесата.
  3. Половина од смесата префрлете ја во друг подлабок сад.
  4. Во едниот сад додајте ги блитвата и 100 мл јогурт, изматете со миксер додека смесата се соедини.
  5. Во другата смеса додајте ги печените пиперки и преостанатиот јогурт (наместо пиперки, може да додадете со 3 лажици ајвар) и мешајте додека смесата се соедини.
  6. Смесите ставете ги посебно во 2 тави врз хартија за печење и печете ги 20 минути на 200 степени.
  7. Извадете ги тавите од рерна, корите извадете ги од тавите, отстранете ја хартијата и со навлажнети кујнски крпи свиткајте ги во ролати.
  8. Откако корите ќе омекнат, отстранете ги крпите и филувајте ги.
  9. Фил: исечкајте ги киселите краставички на ситно и изблендирајте ги, па измешајте ги со ситно сечканата шунка, изренданото сирење, обарениот грашак, 200 г од киселата павлака и мајонезот. Се премачкува прво кората од блитва со преостанатата кисела павлака, врз неа се нанесува кората со пиперки, се нанесува филот, па се витка во ролат.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: