Состојки
Боранија
Боранијата (Phaseolus vulgaris) спаѓа во групата на мешункаст зеленчук и по потекло е од Мексико. За народите на старите цивилизации, покрај пченката и тиквата, боранијата била главна храна. Боранијата во Европа ја довеле Шпанците во 16-тиот век и се препорачува за исхрана поради своите биолошки и лековити состојки. Денес таа се користи за исхрана во скоро сите земји во светот.
Имено, боранијата е најбогатиот витамински зеленчук, кој содржи високо ниво на јаглехидрати и протеини погодни за човековото здравје. Таа меѓу другото содржи и разни хранливи корисни и лековити состојки меѓу кои aргинин, бакар, протеини, јагленохидрати, растителни масти и растителни влакна. Во мешунките на боранијата има 0,7-0,8% инозитол, кој го јакне срцето и го регулира метаболизмот. Боранијата го ослободува човековиот организам од отровните материи и е природен диуретик т.е. го зголемува излачувањето на урината. Исто така, боранијата го намалува нивото на шеќерот во крвта при што се препорачува во секојдневната исхрана на човекот.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти