Рецепти
Чорба со јунешко месо Ана Ѓорова

Вкусна чорба што е одлична за ручек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јунешко филе(или ребра 750 грама )

Вода(2 Литри)

Кромид(1 Главица)

Сол

Бибер(во зрно 1 лажичка )

Ловоров лист(2 )

Грашок(250 Грама)

Боранија(замрзната 300 грама )

Морков(300 Грама)

Карфиол(1 помала главица )

Млеко(1,5 Децилитар)

Путер(30 Грама)

Гриз(125 Грама)

Јајце(2 )

Целер

Сечкан магдонос

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Во 2 л вода ставете ги ловоровите листови, биберот, солта и исчистениот кромид, па откако водата ќе зоврие додајте го измиеното месо (ребра).
  2. Поклопете го тенџерето и варете околу 1 час.
  3. Исчистете ги морковите и исечете ги на тркалца, а измиениот карфиол поделете го на цветчиња, па додајте го во течноста заедно со смрзнатата боранија и грашакот.
  4. Сето тоа варете го уште половина час.
  5. Во меѓувреме проварете го млекото со исто толку вода, додајте малку сол и 30 г путер и на крај гризот. Со постојано мешање варете го млекото со гризот додека не почне да се одделува од дното на тенџерето.
  6. Тргнете од рингла и во смесата додајте едно јајце, па добро измешајте ја целата смеса.
  7. Откако смесата малку ќе се олади, додајте го и второто јајце и ситно сечканите магдонос и целер.
  8. Зовријте еден литар солена вода, па со мали лажички вадете кнедли и ставајте ги во вриената вода. Варете ги на тивок оган 10-тина минути.
  9. Извадете го месото од чорбата, одделете ги коските, а месото исечете го на коцкички.
  10. Месото вратете го, додајте ги варените кнедли, а пред сервирање, чорбата посипете ја со ситно сечкан магдонос.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: