Состојки
Домат Доматот е вкусен и лековит зеленчук кој кај нас доста се одгледува и често се користи во исхраната, било како свеж, во форма на сок или како додаток на јадењата. Претставува високовредна намирница која во себе содржи многу малку масти, калории и холестерол, а обилува со витамини А и Ц, со бета каротин и минерали. Доматот содржи и ликопен кој е јак антиоксиданс од групата на каротиноиди. Доматите се применуваат на бројни начини. Свежи, исечени на парчиња или измешани во салати-тие се секогаш вкусни. Нивниот вкус е единствен во природата и го подобрува вкусот на секоја храна која се готви. Доматите исто така се користат во форма на џус, супа, пире, сос или кечап.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: