Рецепти
Печен ролат од свинско каре Ана Ѓорова

Вкусно полнето свинско печено во сос од зеленчук. Пријатно јадење!

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 150 минути

  1. Свинското каре засечете го на повеќе места, зачинете го со сол и бибер и свиткајте го во ролат, оставајќи го да ги впие зачините.
  2. Коцката за супа сварете ја во зовриена вода во тенџере на оган.
  3. Една главица кромид пржете ја на загреано маслиново масло во тава на оган, па кога ќе омекне додајте ги сечканите рачки од целер, 2 чешниња ситно сечкан лук и излупените и на коцки исечкани јаболки. Покријте со капак и динстајте.
  4. Откако јаболките во тавата ќе омекнат, додајте 2/3 од мешавина од сечкан магдонос, мајчина душичка и рендана кора од лимон.
  5. Зачинете и со сол и бибер по вкус, промешајте и тргнете ја тавата од оган.
  6. Додајте 1 црпалка од супата, 30 мл вино и лебните трошки.
  7. Измешајте го филот и нанесете го врз одвитканото свинско каре, па повторно свиткајте во ролат и зацврстете го со готварски конец.
  8. Зачинете го ролатот од сите страни со сол и бибер, па извалкајте го во преостанатата мешавина од мајчина душичка, магдонос и кора од лимон.
  9. Преостанатиот кромид и 2 чешниња лук ситно исечкајте ги и ставете ги во керамичка тава, па додајте сечкани моркови, корен од целер, домат и сечкана пиперка на ситно.
  10. Врз зеленчукот во тавата додајте го ролатот.
  11. Додајте ги преостанатата супа, сокот од јаболко и преостанатото вино, попрскајте го ролатот со маслиново масло и тавата затворете ја со алуминиумска фолија.
  12. Печете 2 часа во рерна на 200 степени.
  13. На печениот ролат извадете му го готварскиот конец, зеленчукот и течноста од тавата измиксирајте ги во блендер, па прелијте ги врз ролатот и послужете го.
Банана залчиња
Дроб во кошулица
Овесни барови со јаворов сируп
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Посна сарма со праз и шампињони
Филе Велингтон
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Ролат со цимет и суво грозје
Чоколадни бомбици со авокадо
Блага тиква со мед и ореви (посно)
Јагнешка чорба
Солени бомбици од сирење
Пита со јајца и кајмак
Печен ролат од свинско каре
Торта со печурки
Полнети телешки шницли
Крокети од полнети јајца
Банана бомбици со гранола
Солен колач праз и сирење
Домашен крем од кикирики
Лажни лазањи со зелка и колбаси
Кифли со виршла и кашкавал
Романски качамак
Чоколадни коцки со црн грав
Вегетаријански лазањи
Солена пита со маслинки
Полнет леб
Печена скуша (посно)
Тава пилешко со бешамел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: