Рецепти
Лажни лазањи со зелка и колбаси Ана Ѓорова

Интересен рецепт што вреди да го испробате

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Палента(600 Грама)

Црвена зелка(3 мали главици )

Чаден колбас(тенки 350 грама )

Путер(100 Грама)

Праз(1 страк )

Кашкавал(100 Грама)

Млеко(200 Милилитри)

Брашно(2 Супени лажици)

Вегета(1 1/2 Супена лажица)

Масло

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Во тенџере на оган ставете 1 литар и 800 мл вода и 1 лажица вегета. Откако течноста ќе биде пред вриење, постепено додавајте ја палентата, непрекинато мешајќи ја со жица варете ја 2 минути.
  2. Нанесете ја палентата во тава од рерна намастена со масло и оставете ја да се излади.
  3. Изладената палента исечете ја на парчиња во форма на квадрати, како лазањи.
  4. Празот ситно исечкајте го и пржете го на загреано масло во тенџере на оган.
  5. Откако празот ќе омекне, додајте ги тенките чадени колбаси, исечкани на кругови.
  6. Откако и колбасите ќе се испржат, во тенџерето додајте 50 г путер.
  7. Зелката исечкајте ја на тенки парчиња и додајте ја во тенџерето, па откако и зелката ќе се испржи, тргнете го тенџерето со филот од оган.
  8. Во тава на оган со преостанатите 50 г рстопен путер пржете го брашното и мешајте со жица.
  9. Откако брашното ќе се испржи, додајте го млекото и преостанатата вегета и промешајте. Откако бешамел сосот ќе ја добие потребната густина, тргнете го тенџерето од оган.
  10. Дното на огноотпорен сад прекријте го со лажните лазањи и нанесете го филот.
  11. Потоа во садот нанесете бешамел сос и наредете ги преостанатите лажни лазањи, па премачкајте ги со преостанатиот бешамел сос.
  12. Одозгора изрендајте го кашкавалот и печете 15 минути во загреана рерна на 200 степени.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: