Состојки
Гауда кашкавал Гауда или Гoуда (хол. Goudse) е популарен холандски кашкавал направен од кравјо млеко кој содржи минимум 30-48% млечна маст во сува материја. Се изработува од целосно или делумно обезмастено кравјо млеко, а потребно време за негово зреење е 2 до 6 месеци. Гауда кашкавалот е светски познат кашкавал и секојдневно се користи во кулинарството како состојка во повеќе рецепти, а најприкладен е за сендвичи и ладни оброци. Имено, младиот Гауда кашкавал има специфичен благ и млечен вкус, неговата внатрешност е мека, а повеќе е во бела отколку во светложолта боја, додека подоцна се развива во појак и позачинет вкус. Стариот Гауда кашкавал пак, станува потемен и посув дури речиси има златна боја а вкусот е ароматичен и по малку лут.  
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: