Рецепти
Ролат од похувани модри патлиџани Ана Ѓорова

Интересен и необичен рецепт за секаква пригода на трпезата

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Модар патлиџан(2 )

Свежи шампињони(300 Грама)

Гауда кашкавал(100 г + 50 г ленти растителен кашкавал )

Вода(150 Милилитри)

Брашно(150 Грама)

Јајце(3 )

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Со жица изматете 1 јајце и малку сол.
  2. Додајте ги водата и брашното и мешајте со жицата да се соедини смесата.
  3. Модрите исечете ги на тенки ленти по должина, извалкајте ги во смесата и пржете ги на загреано масло на грил тава на оган. Вадете ги врз салфетка да се исцедат од маснотијата.
  4. Во друга тава пржете ги исечканите печурки со зачини по вкус, тргнете од оган кога ќе се испржат и во тавата со полуизладените печурки додајте ги преостанатите 2 јајца и мешајте.
  5. Модрите патлиџани скалесто наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Врз нив нанесете го филот и печете 30 минути на 180 степени.
  6. Откако малку ќе се изладат состојките, во тавата наредете ги лентите кашкавал и изрендајте гауда кашкавал.
  7. Со помош на хартијата свиткајте ролат. Откако кашкавалите ќе се растопат, одвиткајте го и исечете го на парчиња, па послужете. Може наместо кашкавал, да ставите некое помеко сирење или моцарела.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: