Состојки
Газирана вода
Газирана вода или кисела вода, е вид на минерална вода која настанува од обична вода H2O, во која е растворен гасот јаглероден диоксид CO2. Притоа се создава реверзибилна реакција, односно динамичка рамнотежа, во која дел од молекулите на гасот и водата реагираат и формираат јаглеродна киселина H2CO3, а дел од молекулите од гасот остануваат во водата во форма на меурчиња. Оттаму и киселиот вкус на газираната вода.
Поради својата освежителна трпкост (од меурчињата) и киселост, газираната вода е основна состојка на многу безалкохолни пијалаци.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти